Tag Archives: Русија

Москва и Киев блиску до компромис

Москва и Киев се приближуваат до компромис во преговорите, изјави за „Комерсант“  советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина. Според член на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости. Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори. Тоа може да ...

Read More »

Русија го напушта Советот на Европа

Русија повеќе нема да учествува во Советот на Европа, соопшти руското Министерство за надворешни работи, цитирано од новинската агенција ТАСС. Во соопштението на Министерството се наведува дека земјите од НАТО и Европската унија го поткопуваат европското тело дизајнирано да ги поддржува човековите права, владеењето на правото и демократијата. Советот на Европа на 25 февруари одлучи да го суспендира учеството на ...

Read More »

Викендов трета рунда разговори меѓу Русија и Украина

Викендов ќе се одржи третата рунда од преговорите меѓу Русија и Украина, му рекол рускиот претседател, Владимир Путин во телефонски разговор на германскиот канцелар, Олаф Шолц. Путин го повторил ставот дека е подготвен да разговара за крај на воените дејствија во Украина, доколку се исполнат неговите услови, а тоа се неутрален и ненуклеарен статус на Украина, демилитаризација, признавање на суверенитетот ...

Read More »

Постигнат договор меѓу Москва – Киев ќе има и трета рунда преговори

Киев и Москва не постигнаа клучен напредок во вториот круг од преговорите, но се договорија за трета рунда преговори, за кои беше речено дека ќе се одржат што е можно поскоро. Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак. Втората ...

Read More »

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша указите за признавање на Доњецк и Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека „рускиот парламент ја поддржува независноста на Доњецк и Луганск. Донбас (во источна Украина) е историски дел од Русија“. Владимир Путин и се обрати на нацијата. Наведувајќи дека источниот дел на Украина е поранешна руска територија и дека морале да се откажат од местата кои историски биле дел од Руската империја, Путин рече: „Не е ...

Read More »

Баздникин: Русија безусловно ги признава македонскиот јазик и историја

Русија секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет, изјави денеска рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово. Тој во изјава за медиумите посочи дека Русија и натаму останува посветен пријател на државата. „Ние сме подготвени за конструктивна, взаемна, корисна, соработка до тој степен и во оние области за кои се ...

Read More »

Русија, Иран и Кина со заеднички воени вежби

Русија, Иран и Кина ќе одржат заеднички поморски вежби на северот во Индискиот океан на 21 јануари, објавија иранските медиуми. Објавата следува по шпекулациите дека трите земји се здружуваат соочени со зголемениот притисок од САД и нивните сојузници околу Украина и европските безбедносни гаранции.Портпаролот на иранските вооружени сили изјави за полуофицијалната новинска агенција ИСНА дека целта на вежбите е да ...

Read More »

САД и Русија денеска почнуваат со преговори за ситуацијата во Украина

САД и Русија денеска во Женева ќе започнат разговори за растечките тензии околу Украина, при што Москва бара нов сеопфатен безбедносен аранжман со Западот, но се соочува со силен притисок да ги повлече силите. Преговорите на високо ниво ја отвораат дипломатската недела во која Русија ќе се сретне со НАТО и Организацијата за европска безбедност и соработка, а САД се ...

Read More »

Лукашенко: Сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде помоќен од ЕУ

Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде помоќен, попромислен и понапреден од Европската унија. Во интервју за турската РТВ ТРТ, Лукашенко изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде постабилен. Тој објасни дека Минск и Москва ќе ги имаат предвид сите грешки на Европската унија, за да не ги повторат, и дека ќе ...

Read More »

Русија тврди дека се отстранети сите пречки за признавање на „спутник В“ во СЗО

Сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ во Светската здравствена организација (СЗО) се отстранети, остануваат само некои административни процедури, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко. Не гледаме пречки за понатамошна работа. Ова ни го потврди генералниот директор на СЗО – рече Мурашко на прес-конференција во Женева по состанокот со директорот на СЗО, Тедрос Аданом ...

Read More »