Tајфунот Хато во Кина однесе 12 животи (ВИДЕО)

Tајфунот Хато кој го зафати јужниот кинески регион во близина на Хонг Конг, според последните податоци, загинаа 12 лица. Во Макао загинаа осум лица, меѓу кои и двајцата мажи кои минатата ноќ се пронајдени во паркинг гаражата, а 153 лица се повредени.

Тајфунот предизвика и големи поплави, а силниот ветар ги кршеше прозорците и вратите. Многу домаќинства останаа без вода и струја.Кинеската агенција Синхуа објави дека уште четири лица настрадале во соседната провинција Гуангдонг, а едно лице се смета за исчезнато. Тајфунот Хато ја погоди областа во средата со максимална брзина од 160 километри на час.

Поради невремето во Хонг Конг вчера е затворена берзата и стотици летови се откажани. Нивото на предупредување за ураганот властите го подигнаа на највисоко 10-то ниво, за првпат во последните пет години.

Advertisement