Телеком Австрија го купи Mакедонскиот мобилен оператор Вип

Австрискиот телекомуникациски гигант Телеком Австрија стана доминантен сопственик на македонскиот мобилен оператор Вип откако го откупи и преостанатиот удел од Телеком Словенија. Според информациите на словенечка берза Телеком Австрија платил 120 милиони евра за да го презеде сопственичкиот дел од 45% во заедничката компанија Оне.Вип која се формираше откако се споија двата мобилни оператори Оне и Вип.

Со купувањето на преостанатите 45 отсто од досега заедничката компанија „Оне.Вип“, австрискиот телеком станува стопроцентен сопственик на операторот. Компанијата беше формирана на 1 октомври 2015 година, кога беше напоменато дека останува можност Телеком Словенија да се повлече од заедничката зделка.Доминантен сопственик на Телеком Австрија е Америка Мовил, компанија на Мексиканецот Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе на светот.