Телото на новинарот Џамал Кашоги било расечено на парчиња и скриено

 

Новинарот Џамал Кашоги на 2 октовмри влезе во конзулатот во Истанбул и по тоа му се губи трагата. По вчерашната истрага на турската полиција во просториите на конзулатот било утврдено дека новинарот е убиен. Саудиска Арабија, по двонеделно негирање , призна дека Кашоги е убиен како резултат на несреќно испитување.

По девет часовната претрага на конзулатот неименувани турски извори за американските медиуми изјавиле дека новинарот е убиен во конзулатот и неговото тело е расечено на парчиња, а потоа скриено. Денеска генералниот конзул на Саудиска Арабија ја напушти Турција .

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој уште пред десет дена најави дека лично ќе се заложи во истрагта денеска изјави дека истражителите особено внимателно ги испитувале токсичниот и материјалот за префарбување во конзулатот. Шефот на турската дипломатија Чавушоглу најави дека истрагата ќе се прошири и на резиденцијата на конзулот Мохамед Отаиби, како и на возилата.

Advertisement