Терористички напад во Лондон: Шест жртви, тројца терористи се мртви

Најмалку шест жртви, а тројца терористи се мртви по крвавиот напад во централен Лондон, во близина на Бороу маркет кое важи за популарно место за ноќни излегувања. Нападот се случи доцна синоќа. Според изјави на сведоци, напаѓачите имале големи ножеви, долги и по триесет сантиметри, а напаѓале секој што ќе им се нашол на патот.

Според „Дејли мејл“ на улица имало тела од луѓе кои биле буквално заклани од напаѓачите, а меѓу загинатите имало и полицаец. Овие информации засега не се потврдени од полицијата. Лондонската полиција настанот го опиша како терористички чин.Најмногу жртви има на Лондонскиот мост каде комбе се залетало во тротоарот и газело пешаци пред себе. Полицијата пренесува дека околу 30 граѓани се однесени во болница за да им биде укажана помош.

 

Advertisement