Терористички напад во Стокхолм

Потврдени се три жртви, и голем број повредени затворени се центарот на градот и метрото. Премиерот и безбедносните служби го квалификуваат инцидентот како терористички напад. Претходно и државната безбедносна агенција соопшти дека го третира инцидентот како напад. Досега е официјално потврдена смртта на три лица, но стравувањата се дека бројката не е конечна. Има и „голем број повредени“, според полициските портпароли. Едно лице е уапсено, но нема детали за неговата улога во нападот.

Шведските медиуми јавуваат дека камион се забил во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Камионот бил украден претходно во текот на утрото. Шведските медиуми тврдат дека се слушнале и истрели од огнено оружје. На социјалните мрежи кружат бројни фотографии и видеа од луѓе како бегаат од местото на нападот и кои покажуваат зголемено полициско присуство во градот. Над Стокхолм надлетуваат хеликоптери, а сирените на полициските возила се слушаат насекаде, велат очевидци.
Advertisement