Тирана ќе биде поблиску до Македонија за 100 километри

Албанската влада го отвори тендерот за изградба на патот „Арбери“, кој ја поврзува Тирана со најблиските албански градови до границата со Македонија. Овој пат треба да ја намали оддалеченост на Тирана од македонската граница Блато кај Дебар од 178 на 70 километри.

Тендерот се распишува во висина од 250 милиони евра и ќе се гради со партнерството на државата и приватните компании. Овој пат ќе овозможи економско зближување и олеснување и пристап на фирмите од Македонија до пристаништето во Драч, кое со патот ќе биде оддалечено само 100 километри од Дебар, а воедно се очекува и подинамичен развој на поширокиот регион на Дебар и соседните општини. Дел од патот почна да се гради пред неколку години, но работите беа прекинати поради недостиг на средства.