Празнична атмосфера од синоќа завладеа во албанскиот главен град, Тирана. Иако граѓаните минаа тешки денови како последица на катастрофалниот земјотресот, албанската метропола веќе се обидува да се врати во нормала и празнична атмосфера. Освен што беа запалени светлата на големата новогодшна елка, традиционално на плоштадот „Скендербег“, украсени со светилки се и улиците и плоштадите.
И покрај дождот на плоштадот беа голем број деца и граѓани. Со нив беа градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и премиерот Еди Рама, кој ја пренесе пораката декa сме посилни заедно и ќе ја надминат оваа тешка ситуација по земјотресот. Градоначалникот Велиај ја објави акцијата „Кутија“,во знак на подршка на децата погодени од земјотресот.

И децата од Тирана ќе помогнат. Секој ќе земе кутија од чевли и ќе ја наполни со играчки, книги, пенкала за децата во Туман, Драч, Лач и Лежа. Ако ни помогнете да направиме подароци за децата погодени од земјотресот тоа ќе биде најубава Нова Година, апелираше Велиај. Осветлена новогодшна елка поставена е и во Драч, еден најпогодените од земјотресот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
