Традиционалната 47-ма меѓународна боксерска манифестација „Златен гонг“

Над 30 боксери од шест држави треба да настапат на традиционалната 47-ма едноподруго меѓународна боксерска манифестација „Златен гонг“, утре (полуфинални борби од 16 ч.) и задутре (финални борби од 11 ч., прогласување на најдобрите од 14 ч.), во малата сала на СЦ „Борис Tрајковски“ во Скопје, Република Македонија.

Врз основа на пријавените боксери се очекува да има 11 полуфинални борби и 10 финални борби во тежински категории. Минатогодишниот победник Гоце Јаневски, поради повреда нема да биде во можност да го брани ланскиот трофеј. Македонија на „Златниот гонг“ ќе настапи со шест боксери, а ќе настапат и боксери од Србија (девет), од Косово (седум), Албанија (пет), Хрватска (четири) и од Бугарија (еден).

Advertisement