Царинската управа на Република Македонија одбележува 25 години

Царинската управа на Република Македонија одбележува 25 години од своето постоење како самостоен државен орган. По тој повод, денес во амфитеатарот на Царинската управа се одржа традиционалната свечена церемонијана, низ текот на годините Царинската управа прерасна во современа царинска администрација. Присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, колегиумот на Царинската управа и други соработници и пријатели на Царинската управа. Свеченоста ја отвори министерот за финансии на Република Македонија Кирил Миноски кој им го честиташе јубилејот на царинските службеници, при тоа истакна дека со текот на годините, покрај промените и предизвиците кои се случуваа во општеството и економијата, Царинската управа успеа да се развие во една модерна и ефикасна институција.