Црна Гора им забрани влез на 149 руски граѓани и политичари

Владата на Црна Гора, како што пренесува подгоричка Побједа, се наведува дека „се ограничува влез на територијата на Црна Гора на Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија и шеф на сите разузнавачки служби Николај Патрушев и претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров се, меѓу другото, на листата на лица за забрана за влез во Црна Гора. На листата се и сопственикот на телевизијата Цариград и заменик-генералниот секретар на Обединета Русија Сергеј Железњак. Рогозин се вели дека е непожелен поради тоа што „активно повикувал на анексија на Крим”. Тој неодамна се вмешал и во внатрешните работи на Црна Гора и се закани дека „ќе зажалиме за членство во НАТО.”

Advertisement