Вардар победи во Веспрем и останува лидер во ЛШ

 

Уште еден рекорд е впишан во книгата на Вардар, откако првпат се враќаме со триумф од Унгарија од гостувањето кај Веспрем. На пет натпревари во серија успеваме да освојуваме бодови на нашите дуели со унгарскиот тим, а овојпат победивме со 27-25 (13-11). Со двата бода остануваме на лидерското место во групата од Лигата на шампионите пред следниот домашен натпревар против Рајн Некар. Дуелите со Веспрем секогаш биле неизвесни, а нашато ривалство трае у од дуелите во СЕХА лигата. Но, досега во Лигата на шампионите само еднаш сме успеале да освоиме бод. Сега и триумфиравме, што ретко кому му успеало на жешкиот терен во Унгарија.

Огравме без респект и без притисок. Тоа го потврдивме уште во првото полувреме кога во два наврати имавме предност од „плус 5″ гола, за водство 6-1 и 7-12. Никој во салата во Веспреме не очекуваше таков почеток, а ние игравме лесно. Ако малку бевме поконцентрирани во некои ситуации разликата ќе беше уште повисока во наша корист. На полувреме имавме предност од 13-11. Во второто полувреме Веспрем се врати во игра, израмни па и поведе.

Во игра на нерви, незивесност за секоја топка и во секој напад, Вардар покажа добра мотивација и пред се трпеливост. На секоја игра н апротивникот имавме решение, па и кога Веспрем водеше со два гола ние успевавме да се вратиме. Во последните минути поведовме со 25-24, а тогаш домашните не искористија еден напад по што ние двапати погодивме за ново водство од 27-24. Сѐ беше решено, па на крај иако Веспрем погоди бодовите ги освоивме ние.