Васил Јанкула Македонец од Мала Преспа боледува од детска целебрална парализа успешно го заврши 32-рото издание на Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон (ВИДЕО)

 

Васил Јанкула со јуначко срце, боледува од детска целебрална парализа но воедно и човек со огромна воља. Успеа да докажи, дека со оптимистички дух и храбор срце ги извози 23 километри патека возејќи 2 часа бес пауза, патеката полна со удолници и угорници. Големината на вољата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги. Васил Јанкула беше дел на 32-рото издание на Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон, што се одржа денска  за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија.

Овој млад човек и покрај својот физички хендикеп  ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас но дека треба да бидат прифатени дека и пациентите со посебни потреби односно физички недостатоци можат да бидат дел од еден ваков спортски настан. Македонски весник Илинден му честита за успешно завршување на маратонот, и покажеш на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на вољата на умот само напред. Огромен Респект за Васил Јанкула Македонец од Мала Преспа, Албанија.