Нов веб портал Македонија инфо Диаспора

 

Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт”- со седиште во Скопје, Македонија во рамките на Проектот ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“, кририра прекрасен веб портал за Македонско национално малциство (МНМ) во сосеството и за Македонската диаспора во светот. Порталот е креирано од Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт” со поддршка од програмата Цивика Мобилитас. Веб платформата ќе обезбеди можност и простор за презентација на активности и промоција на проекти на граѓанските организации, институции и поединци од Република Македонија, но и на организациите и поединци од Македонско национално малциство (МНМ) во сосеството и за Македонската диаспора, како и размена на информации на темите: најнови вести, корисни линкови, настани од граѓанскиот сектор, анализи, коментари и трудови, македонските национални малцинства во соседните држави, иселениците во светот како и теми поврзани со миграциите, со основна цел навреmено информирање и зајакнување на врската помеѓу Македонско национално малциство (МНМ) во сосеството и за Македонската диаспора, порталот ќе ја следи активноста на државните институции кои имаат надлежност по прашањата на Македонско национално малциство (МНМ) во сосеството и за Македонската диаспора и ќе информира за нивните активности. Веб порталот www.mkdinfodiaspora.mk преставува мост за соработка. Дел од веб порталот е и страната на Македонско друштво “Илиндеn” -Тирана и Македонски весник “Илинден”.