Великанот Цар Александар Македонски (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е. )

На 22 јули 356 година пред новата ера, пред 2.376 години, во македонската древна престолнина Бела (Пела), денес во Егејскиот дел на Македонија окупиран од Атина за првпат во историјата во Првата Балканска Војна во 1912 година, се роди Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на Царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот!

Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Македонската цивилизација која ја градеше Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски, стана основа на Нова Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асмилијација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години помина 18.000 километри, создаде Империја каква што до ден денешен не постоела во пространство, ниту пред него, ниту по него.

Великиот Цар Александар Трети Македонски, Крал на Македонија и Хегемон на Елините, Крал на Бабилон и Фараон на Египет, Цар на Персија и Крал на Ариевците, е најголемиот император во светската историја!

Тој е единствениот војсководец на сите времиња, кој своите војски – непобедливите фаланги, ги подигна во невиден воено-научен истражувачки поход. Иако сакал да го открие почетокот на раѓањето на сонцето, а со тоа и почетокот на светот, секаде каде што поминал истражувал, проучувал, градел и носел развој и напредок. На моменти со сила, на моменти со сесрдно прифаќање од оние кои сакале и успеале да погледнат подалеку во иднината.

Великиот Цар Александар Трети Македонски најмногу од се’ сакал да се одликува со севкупно знаење, а не со власта која му припаѓа. Со себе го донел најголемиот процут на науката, просветата, културата и слободоумната мисла. Иако неговиот живот траел само 33 години, а неговото владеење помалку од 14 години, оставил огромно наследство во целиот прогресивен свет, заради што многу други светски императори го имитирале. Неговите воени стратегии и потфати и денес се темел на изучување на светската воена доктрина. Неговите истражувања во сите науки се база на научната мисла воопшто! Неговото сфаќање за духовната сила и моќта на самосвесноста на секој човек се основа за сите денешни религии, а најмногу од се’, неговиот поглед на микро и макро космосот е фундаментот на човечки подадената рака кон секој кој ја сака и почитува планетата Земја.

Следбеник на Херакле и Ахил во силата и храброста, поклоник на Зевс и Амон во верата и љубовта, жртвеник на Ад и Селена во издржливоста и истрајноста, веселник на Дионис и Баху во хармонијата на звукот, поет на Хомер во топлината на зборот, тој бил и ќе остане симбол на човековата возвишена светост!

Тој го отвори патот на новата цивилизација и од потопот остави само бледо сеќавање за она што значи неукост и дивјаштво, за да го одбележи почетокот на новото раѓање, на новиот милениум! Именуван да биде бранител на човековиот род пред нескротливата природа, до денес остана неповторлив патоказ за сите, свртени кон сонцето и храбри како лав, кои најмногу од се’ ја почитуваат вистината!

Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски умре на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера, во Бабилон (Вавилон). Неговата гробница остана енигма до денес, повод е на бројни преданија и локации. Македонците веруваат дека Царот над царевите е погребан во границите на Републиката, како и неговиот татко Великиот Цар Филип Втори Македонски. Божја волја е кога некрополите ќе бидат обелоденети и отворени, светот да ја виде вистината за Македонија и за Македонците!

Сеќавањето за времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336) и Александар Трети Македонски (336-323), е навраќање кон македонските корени, на државноста, на културата и историјата на Македонија која има континуитет во време и простор од пред новата ера до денес за навек!

И како што македонските јагули, илјадници години, по мрестењето во Саргасовото море се враќаат во нивниот и наш Охрид, во Македонија, водени од природниот инстинкт и генетскиот код, така и ние денес се присетуваме на Великиот Цар Александар Трети Македонски, се враќаме во нашата древност како дел од нашето постоење и иднина!

2343 години од смртта на Великиот Цар Александар Трети Македонски не се мала историја, а се само дел од Македонија… од раѓањето на Македонскиот Император, најславниот војсководец во историјата на човекот, кој го облагороди светот, а на човекот му го всади духот на македонската цивилизација!

И ние денес, чекорејќи во 2020 година од новата ера, како верници, како поклоници на верата во сонцето, во светлината, во Богот на Сонцето, ритуално, ги прозиваме духовите на македонските цареви и кралеви, да ја благословат, облагородат и вознесат Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Вечна му слава на Великиот Цар Александар Трети Македонски, кој духовно не’ обединува нас Македонците по род и државјанство, каде и да сме во светот!

Поменот за Великиот Цар Александар Трети Македонски е порив за одбрана на името на Македонската држава и идентитетот на Македонскиот народ, на достоинството на Македонците во универзумот!

Македонија е цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата! Македонија е цивилизација на почитувањето и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата! Македонија е цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка! Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, македонските вредности одамна го освоија универзумот, затоа што сме цивилизација на сонцето, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, македонското, секаде каде што не’ има и каде што сме во светот!

Имајќи предвид дека Македонската Империја е повеќе од Републиката, дека многу биле дел од неа, и покрај се’ и после се’, достојно денес велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И секогаш кога ќе погледнете во центарот на плоштадот Македонија, во метрополата на државата Македонија, во споменикот на Великиот Цар Александар Трети Македонски, отспротива Вардар во споменикот на татко му Великиот Цар Филип Втори Македонски и на мајка му Царицата Олимпија, не заборавајте дека името на нашата држава е Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот! Остануваме горди Македонци и достојно ќе го одбраниме името на татковината Македонија и идентитетот на народот Македонски!

Вечна му слава и памјат на Великиот Цар над Царевите Александар Трети Македонски, Бог да ги благослови Македонија и Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот!