
Со првично собрани 650 потписи за половина час ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја поднесе иницијативата во законодавниот дом за референдумското прашање дали сте за укинување на важноста на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.
Иницијативата е поднесена онака како и што во 2018 та е потпишан договорот меѓу владите на Македонија и Бугарија но е наведено дека се поднесува до Собранието, посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Му порача на собранискиот спикер да не прави опструкции. Од СДСМ пак и денеска со порака дека референдумот е демоократско право иако сметаат дека периодот не е за тоа, но без конкретен став доколку се случи дали ќе го бојкотираат или ќе гласаат против.
Познатиот став пак на интегративците денеска го потврди и лидерот на партијата Ахмети. Од кабинетот на собранискиот спикер Џафери пак денеска кратко само информираа дека Џафери се уште не ја погледнал иницијативата бидејќи е на службено патување а откако ќе се врати ќе излезат со конкретен став. Тој има три дена да се изјасни дали иницијативата е уредна или пак не. Доколку ја одбие како неуредна според законот за референдум таа сепак мора да оди и пред пратенциите. Доколу го помине првиот филтер и влезе во процесура, Џафери треба да ја извести ДИК за да ги отвори подрачните едицници да се собираат 150 000 потписи.
Лидерот на интегративците пак денеска посочи дека сепак сметаат дека референдумот ја врака земјата назад. До прва ќе го изнесеме нашиот став како ќе постапиме но доколку има референдум сметам дека не е потребен, бидејќи ја враќа земјата назад од нејзините евроинтегративни процеси.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden