Во Дубаи првиот робот полицаец почнува да патролира

 

Полицијата на Дубаи го претстави првиот робот полицаец кој ќе патролира по градот. Роботите полицајци во Дубаи добија задача да ги контролираат градските трговски центри и туристичките атракции. Луѓето ќе можат да комуницираат со роботите, да пријават кривично дело, да платат казна и преку допирните екрани на градите на роботот да добијат информации. Податоците и информациите кои ќе ги соберат роботите, ќе ги споделат со надлежните. Владата соопшти дека до 2030 година планира 25 насто од полициските сили да бидат составени од роботи полицајци.

Шефот на управата за паметни услуги Халид Ел Разуки рече дека нема да ги заменат полицајците со овие роботи. Но исто така не треба да се заборави фактот дека секој изминат ден расте бројот на жителите на Дубаи. Затоа ќе ги промениме местата на полицајците со цел да се постигне безбедноста на градот. Голем број луѓе ги посетуваат полициските станици и дирекции како и службите за услуги на клиентите. Со посредство на роботите ќе имаме непрекинат пристап до народот. Моментално роботот може да комуницира само на арапски и англиски јазик, додека во иднина се планира да зборува на руски, кинески, француски и шпански.

Advertisement