Во Грција хеликоптерска несреќа

Хеликоптерската несреќа во Грција загинаа 4 војници, а еден војник беше повреден. Генералштабот на Грција соопшти дека во подрачјето Еласона на северот на Грција беа откриени остатоците на воениот хеликоптер во кој се наоѓаа 5 војници од кои 3 членови на екипажот.

Во несреќата чија причина сеуште точно не е утврдена, загинаа 4 војници, додека повредениот војник кој беше спасен, засега е вон животна опасност. Хеликоптерот кој полета од градот Лариса за Кожани, леташе во рамките на рутинска гранична контрола над подрачјето. Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос рече дека по повод несреќата во земјата беше прогласена тридневна жалост.

Advertisement