Во Куманово отворена изложба Филигранска конгломерација

 

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва беше отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Струга.

После извесен период имаме изложба на филиграни. Авторката се обидува на свој карактеристичен начин да инкорпорира свои видувања и уметнички да се изрази, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура.

Авторката досега учествувала на бројни домашни изложби и саеми во странство. Според неа, најголемо внимание привлекува сребрената пеперутката, нешто по што филигранството од Македонија е познато во светот.

Кумановската публика ќе има можност да разгледа пеперутки изработени во различни големини од нашиот крај, лебедите, а тука се и крстовите претпразнично, рече Симакоска. Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 26.април.