Воената полиција на Армијата на Република Македонија изведи комплексни вежби во Радожда (ФОТО)

Баталјонот на Воена Полиција за 2018 година, во месец јули, во центарот за обука на вода „Радожда“ Струга на бреговите на Охридското езеро, припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада и водот воена полиција, реализираа обука во летни услови. Целта на обуката беше извежбување, оспособување и збогатување на војниците извидувачи со нови искуства преку тактиките, техниките и процедурите, во организацијата и извршувањето на задачи на и во вода, совладување на техниките на пливање, давање прва помош на давеник, техниката на совладување водени препреки со помош на формациски пловни објекти а особено во совладувањето на истите со помош на пловни објекти направени од страна на војниците со прирачни средства во околината на местото на извршување на задачите.

Обуката беше подготвена и се реализираше од страна на командирите на извидувачките одделенија и водови и припадници на баталјонот на Воена Полиција, кои во досегашната кариера се имаат стекнато со огромно знаење и искуство во извршувањето на борбени задачи на и во вода како и во совладувањето на одредени препреки со помош на пловни средства направени од прирачен материјал и се сертифицирани за ваков тип на обука. За време на обуката, припадниците од извидувачките единици од 1.мпбр и од баталјонот на Воена Полиција практично ја демонстрираа високата заинтересираност, посветеност и психофизичка подготвеност за извршување и на борбени задачи во реките и водените површини.

Advertisement