Заврши првиот летен камп по веронаука организирано од Бигорскиот манастир

Македонското древно светилиште Бигорскиот манастир и неговиот метох „Свети Георгиј Победоносец “ во дебарското село Рајчица, и годинава организираат летни кампови по веронаука. Ќе бидатодржани седум летни кампови,во траење од по пет дена, на кои ќе учествуваат деца од повеќе градови од нашата држава. -Раководен од Христова заповед „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно“` која истовремено е и завештание од нашите предци да им го предадеме најважното на најмладите, нашиот Старец Партениј и ова лето посака и благослови децата да ги посетуваат нашите две Обители – Бигорската и Раичката – и да им овозможи малку поодблизу да го запознаат монашкиот богослужбен живот, основните вистини за православната вера, но пред сѐ да ја почувствуваат неизмерната Христова љубов и радост посеана во нивните души,-вели сестра Ефимија од манастирот во Рајчица.

На првиот летен камп учествуваа четириесеттина деца од Ресен и Битола, кои освен можноста да се запознаат со основите на православната вера, на животот во манастир,учествуваа и во практичните манастирски задолженија. Децата, имаа средба и со игуменот на Бигорскиот манастир, анхимандрит Партениј, кому му ги искажаа своите впечатоци од нивниот престој во манастирите. Со силна прегратка искрените детски души се заблагодарија за несебична грижа и безусловна љубов со која ги примил во манастирските прегратки.  За Старецот, пак, и за сите нас, најголема награда ни беа насмевнатите детски лица и радоста што зрачеше од нив,-посочува сестра Ефимија. Денеска почна вториот летен камп а манастриски гости се деца од Кичево и Прилеп. Инаку, во рамки на летните кампови во двата манастира,минатото лето,престојуваа над 400 деца од повеќе градови од државава,меѓу нив и деца од Домот без родители „11 октомври

Advertisement