Земјотрес од 7,3 степени во Ирак и Иран (ВИДЕО)

 

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, вечерва го погоди реонот на градот Халабџа во Ирачки Курдистан, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран. Епицентарот бил југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија. Според европскиот медитернаски сеиозмолошки центар, земјотресот бил 7,4 степени, на длабочина од 10 километри и 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб, а ирачката метеоролошка служба пак информираше дека јачината била 7,5 степени. Земјотресот предизвикал штета во најмалку осум ирански населени места, а во некои региони долшо и до прекин на електричната енергија. Се уште нема информации за потенцијални жртви.