Денеска во Македонија се одржа најголемиот Божикен настан во регионот, на кој учество околу 10 илјади деца од целата земја, од кои, 5000 во Скопје и 5000 низ останатите 35 градови и населени места во Македонија, коишто се вклучени во манифестацијата.
Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, се одржува со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.
На Божикниот концерт учестува: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава „Најдобриот подарок за Божик” – Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.
Манифестацијата пред Св.Димитриј заврши во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат ја оформа најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со Божикни пакетчиња.
Во исто време, Бадникови поворки на радоста, се одржува во 35 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Могила, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.
Денешниот свечен настан има за цел, радоста и топлината на Бадник и Божик да ја почувствува секое детско срцe, му претходеше промоција на Божикната песна „Небо и земја“ отпеана од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна и Златно Славејче. “НЕБО И ЗЕМЈА” е нашиот овогодишен Божикен подарок, За многу години!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
