Албанија очекува препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ

 

Албанија очекува Европската Унија да го признае напредокот и напролет да препорача почеток на пристапните преговори, изјави албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати. Тој го поздрави тоа што Бугарија го постави Западен Балкан како главен приоритет во нејзиното претседавање и изрази убеденост дека следните месеци ќе бидат клучни за земјите од регионот.

„Додека се приближуваме кон бугарското претседавање со ЕУ, кое треба да почне од Нова година, и анализирајќи ја зголемената интеракција помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ во текот на изминатите две години, јасно е дека ова ќе биде клучна година за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ“, напиша Бушати за „Еуроактив“. Тој од Европската комисија очекува стратегија со јасна визија, а Западен Балкан и Албанија да бидат посебен дел од неа.

Advertisement