Албанија потпиша спогодба со ЕУ за подобро менаџирање на границите со соседите кога се во прашање мигрантите

 

 

 

 

 

Албанија потпиша спогодба со ЕУ за подобро менаџирање на границите со соседите кога се во прашање мигрантите. Спогодбата што ја потпишаа во име на ЕУ комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулис, и албанскиот министер за надворешни работи, Фатмир Џафај, предвидува засилување на контролата на границите на Албанија со припадници на Фронтекс, кои се очекува деновиве да пристигнат во Албанија.

Претставникот на ЕУ, Аврамопулис, изјави дека ова е прва спогодба за подобро менаџирање на границите на Албанија кога се во прашање мигрантите бидејќи наскоро слични спогодби ќе се потпишат и со Црна Гора и Србија. Тој во Тирана додаде дека Албанија треба да продолжи во пресметката со криминалот и корупцијата, а ЕУ ќе дава поддршка на Тирана и за пресметката со шверцот на дрога. Албанскиот министер рече дека спогодбата потпишана со ЕУ е од големо значење за Албанија.