Албанскот претседател потпиша указ за составот на новата влада на Рама

Претседател Илир Мета синоќа потпиша указ за составување на нова влада. Веднаш по завршувањето на конститувната седница на Парламентот, мандатарот и лидер на социјалистиката партија Еди Рама го достава до Мета предлогот со имињата на членовите на новата влада, по што тој експресно го потпиша декретот.

Новиот владин кабинет или како што го нарекуваат „Рама два“ освен премиер ќе има и еден потпретседател на владата, двајца државни министри, како и 11 министри. Тоа што е посебна карактеристика е фактот што застапеноста на жените е идентичен односно функциите се поделени 50 на 50.

Потпретседателското место ќе го заземе Сенида Меси, а функциите државни секретари за дијаспора и таа за заштита на претприемаштвото, што првпат се воведуваат, ќе ги раководат Пандели Мајко и Сонила Ќато.

Шеф на дипломатијата ќе биде Дитмир Бушати, прв полицаец и понатаму ќе биде Фатмир Џафај, минисерка за одбрана Олта Џачка, за правда Етилда Ѓонај, на чело на Министерството за финансии, економија и труд ќе биде Арбен Ахметај.

Функцијата министер за образование  и млади ќе ја извршува Линдита Никола, Министертвото за инфраструктура и  енергетика  ќе го раководи Дамиан Ѓикнури, за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу. На чело на секторот за земјоделство и рурален развој ќе биде Нико Пелеши, за туризам и животна средрина Бленди Клоси, додека секторот култура и понатаму ќе го раководи Мирела Кумбаро.

Рама се заблагодари на шефот на државата за довербата и ја повика опозицијата да учествува на седницата на парламентот в понеделник, кога ќе се гласа за новата влада.

Се заблагодарувам на Претседателот на Републиката за брзината со која реагираше, олеснуваќи ја процедурата, патот кон седницата в понеделник. Потоа, секако со посебно внимание се обраќам до опозицјата, да може да реагираме, што овозможува се да биде порационално во согласност со нашата програма. Се надевам дека опозицијата ќе биде во собраниската сала, посочи Рама.

Имајќи го во предвид фактот дека Рама го има мнозинството гласови или 74 од вкупно 140 пратенички места, гласањето за владата ќе биде само формалност. Членовите на новата влада свечена изјава ќе потпишат в среда.