Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности, синоќа во Софија беше отворена изложбата „Охридски филиграни”. Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Република Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Република Македонија, Васко Шутаров.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Мала Преспа
Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Република Албанија, со Предлогзаконот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент. Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, ...
Read More »Власта и опозицијата со жестоки расправии за парламентарните избори во Албанија
Средбата на албанскиот претседател Бујар Нишани со премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша заврши неуспешно и без договор, Рама му понуди на Баша инсталирање на државен внатрешен контролен механизам за изборите. Неговиот предлог предвидува вицепремиерско место избрано од опозициската Демократска партија, но не и нејзин член. „Ако демократите навистина сакаат гаранции за изборите, нека ја прифатат оваа ...
Read More »Втора семакедонска средба за обединување на Македонската заедница во Швајцарија
Во организација на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ од Тринген под претседателство на Ванчо Соларов, Македонската православна црковна општина “Сите Македонски Светители“ од Лозана под претседателство на Дејан Аџијоски и Македонската православна црковна општина “Света Богородица“ од Локарно под претседателство на Трајко Ковачев, на 7 мај 2017 година во Берн, со почеток во 16.00 часот на Waldeckweg 2, ...
Read More »Повелба на Република Македонија на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Сообраќајот е нераздвоен дел од нашето секојдневие. Патиштата и пругите се артериите на нашата економија, без кои економскиот напредок е незамислив. Но, покрај бројните економски придобивки, сообраќајот носи и одредени ризици по безбедноста на неговите учесници – возачите, патниците и пешаците. Веќе 55 години со овој сериозен предизвик се бори Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот. Пред малку чувме дел ...
Read More »Германија и отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра
Германската Влада го отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра, соопшти Амбасадата на Германија во Сараево. Услов за отпишување на долгот беше Владата на Федерацијата на БиХ да го ренатурализира подрачјето околу рудникот во близина на Мостар и Владата на Република Српска 20 отсто од долгот од сопствени средства да инвестира во водоснабдување и собирање на отпадните ...
Read More »Грција ја поддржува унитарноста на Република Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите. Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни ...
Read More »Денеска се одбележуваат 114 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...
Read More »На турско-бугарската граница запленети 775 килограми хероин
Турската полиција на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 775 килограми херон, заплена од страна на турските власти. Како што јави БТА, дрогата е откриена во камион со ирански регистарски таблички кој патувал од Турција кон Бугарија. Со камионот се превезувале две лица, ирански државјани, кои се задржани во притвор во Едрене. Еден од приведените е син на сопственикот на ...
Read More »Македонците во Јабука организират панахида за Гоце Делчев
Во организација на ЗГМНЗ „Илинден Јабука“ а под покровителство на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, на 04-ти мај 2017 година ќе се одржи Панахида за Гоце Делчев и во таа прилика ќе се положи цвеќе и ќе се одаде почит на нашиот револуционер и учител. Ги покануваме сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во оваа Панахида. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden