Власта и опозицијата со жестоки расправии за парламентарните избори во Албанија

Средбата на албанскиот претседател Бујар Нишани со премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша заврши неуспешно и без договор, Рама му понуди на Баша инсталирање на државен внатрешен контролен механизам за изборите. Неговиот предлог предвидува вицепремиерско место избрано од опозициската Демократска партија, но не и нејзин член.

„Ако демократите навистина сакаат гаранции за изборите, нека ја прифатат оваа понуда. Да одредат луѓе. Овие два дена Демократската партија треба да ги искористи за да ги добие гаранциите што ги нуди предложениот механизам од наша страна и да одиме на избори“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Поранешниот премиер, Сали Бериша рече дека единствена алтернатива за политичко решение е заминувањето на Еди Рама. „Политичкото решение е единственото милосно решение за тебе, криминалецу. Ако се надмине милоста, потоа те чека фаталноста која ја заслужуваш во секоја форма.“- изјави Сали Бериша.

 

Advertisement