Author Archives: Весник Илинден

Стерјовски оствари средба со германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергер

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски оствари средба со германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергер. Во разговор исполнет со меѓусебна почит, изразив искрена благодарност за континуираната поддршка што Германија ја дава на регионот Преспа изминатите години. Германија е најголемиот донатор за Преспа и во рамките на Албанија и пошироко. Особено охрабрувачка беше најавата дека во скоро време ...

Read More »

Секретаријатот за етика на Парламентот им изрече суспензија од 30 дена на шестмина пратеници на ДП

Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент донесе одлука на шест пратеника на Демократската партија да им изрече казна исклучување од работата на Законодавниот дом во рок од 30 дена поради хаосот што го создадоа на последната пленарна седница, кога палеа факели и се судрија со обезбедувањето. Шестмината исклучени пратеници се Белинд Келичи, Фидел Крека, Албана Вокши, Фламур Нока, Клевис Балиу, ...

Read More »

Мицкоски со порака до иселениците: Каменот тежи на своето место, вратете се дома за заедно да ја градиме Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски упати силна и емотивна порака до македонските граѓани кои живеат во странство, но и до оние кои веќе одлучиле да се вратат и да инвестираат во својата татковина. На денешниот настан, тој истакна дека државата не им се лути на оние кои заминале во потрага по подобар живот, но порача дека само дома човекот е „свој на ...

Read More »

Скандал во Лерин: Градоначалникот прекина настап на македонска песна (ВИДЕО)

Во Лерин, за време на традиционалната културна манифестација „Ден на огновите“, била прекината изведбата на македонска песна, откако градоначалникот интервенирал при настапот на музичкиот состав „Ентопика“. Настанот предизвика реакции во јавноста и бројни коментари на социјалните мрежи. Според сведоштвата на присутни граѓани, на манифестацијата биле изведувани повеќе традиционални и современи песни, но кога бендот започнал со изведба на македонската народна ...

Read More »

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта, наша цел е Македонска пошта да ја издигнеме со најдобар квалитет

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за ...

Read More »

Божикно послание на г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија (ВИДЕО)

Словото стана тело и се всели меѓу нас (Јн. 1:14) До свештенството и народот на надежта, Драги деца во Господа, Овие зборови го сумираат и го изразуваат значењето на празникот Божик на најдлабок и најсовршен начин. Ако се фокусираме на разбирање на значењето на оваа голема мистерија, во која Синот и Словото на Отецот се отелотвори и стана човек, тогаш ...

Read More »

„Матица македонска“ објави ново издание на „Жаби“ од Аристофан

Стожерната античка комедија „Жаби“ од Аристофан, по повеќе од две децении, повторно е достапна за македонските читатели, преку ново издание во превод на македонски јазик. „Матица македонска“ повторно го објави клучниот драмски текст на претставникот на античката комедија, во превод од старогрчки и со белешки и предговор од истакнатиот македонски класичен филолог Весна Томовска. Ова издание, со внатрешната композиција и ...

Read More »

Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието на Македонија

Почитувани граѓани, Почитуван Претседател на Собранието, г. Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Мицкоски, Почитувани пратеници во Собранието, Почитувани министри, Ценети претставници на судската власт, Почитувани претставници на верските заедници, Почитуван началник на Генералштабот, Почитуван претседател на МАНУ, Академик Попов, Ценети претставници на дипломатскиот кор, Претставници на медиумите, дами и господа, Како носители на директен легитимитет, Вие и јас имаме ...

Read More »

Четворица уапсени по фрлање молотови коктели на антивладина демонстрација во Тирана

Полицијата уапси четири лица и отвори истрага против уште седум по насилствата за време на антивладина демонстрација што во понеделникот се одржа во Тирана, соопштија властите. За време на протестот биле фрлани молотови коктели кон полицајците кои ја обезбедувале канцеларијата на премиерот, при што биле повредени тројца припадници на безбедносните сили. Според полицијата, судирите избувнале за време на митингот организиран ...

Read More »

Најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа

Фото: Македонското еколошко друштво Македонското еколошко друштво денеска споделија дека утврдена била најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа. „Ладното време не ги спречува нашите посветени „теренци“ во нивните активности за мониторинг на биодиверзитетот во Преспа. Па така, во текот на вчерашниот ден, тим на Македонското еколошко друштво, во соработка со Националниот парк Галичица, ја посети ...

Read More »