Бешикташ изгуби против Олимпик Лион

 

На првиот чеврт-финален фудбалски натпревар во Европската лига на УЕФА, турскиот претставник Бешикташ натпреварот го започна со водство со резултат од 1-0. Додека со головите кои ги прими во последните минути, натпреварот го изгуби со резултат од 2-1.

Екипата на црно-белите со голот на Рајан Бабел во 15 минута премина во водство и подолг период на натпреварот го одржа резултат. Но како последица на постојаниот притисок на фудбалерите на домашната екипа, Бешикташ не можеше да издржи во второто полувреме. Грешките во одбраната на Бешикташ беа причината за поразот.

Екипата на црно-белите со двата гола што ги прими еден по друг во рок од две минути ја изгуби предноста. Со головите на Толисо во 83-та и Морел во 84-та минута, Бешикташ беше совладан на натпреварот во гости. Во продолжението на натпреварот немаше други голови. Екипата на црно-белите првиот четврт-финален натпревар го заврши со пораз од 2-1. Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одржи на 20 април четврток во Истанбул.

 

Advertisement