Без победник Македонија 1:1 Албанија во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација пропушти златна шанса да се бори за третото место во групата Г во мундијалските квалификации, откако вечерва ремизираше 1-1 со Албанија во осмото коло во овој циклус и тоа благодарение на гостинскиот голман Етрит Бериша, кој ги „полуде“ нашите напаѓачи со своите одбраните.

Имаше многу можности Македонија да ја победи Албанија и со два гола разлика, иако по осум минути во вториот дел Албанија имаше водство. Илија Несторовски промаши два зицери откако Александар Трајковски израмни од пенал во 78-та минута, па црвено-жолтите не ги материјализираа бројните шанси благодарение и на Бериша кој брилјираше на голот на Албанија.

Две минути по голот на Трајковски, неговиот соиграч од Палермо, Несторовски се најде во првата колосална шанса и излезе сам пред Бериша, но реши да го дрибла и се сплетка. Пет минути по тој момент, Езџан Алиоски, на кого Бериша му одбрани претходно два опасни удари, биеше кон голот Бериша одбрани, а Несторовски од три метри повторно не даде гол. Голманот на Аталанта спаси во последен момент.

Македонија и Албанија одиграа мирно полувреме со борба помеѓу два шеснаесетника во кое само еден директен шут имаше за 45 минути и тоа за Македонија преку Горан Пандев, чиј удар го одбрани Бериша. Првиот опасен против напад на Албанија, гостите го претворија во гол преку Роши, кој со глава погоди во мрежата на центаршут на Садику, а асистентот во 59-та минута можеше и вторпат да не казни, но биеше за среќа крај голот по асистенцијата на Мемушај, исто така од левата страна.

Дури во последните 20 минути Македонија се разбуди и Албанија ја стави во шише, но гол за победа не постигна. Барди во 69-та минута имаше шут кон Бериша, во 70-та се крена публиката на нозе, по акцијата на Несторовски и Пандев, но топката не заврши во мрежата. Во 76-та минута, Алиоски за 30 секунди двапати опасно шутираше, а Бериша бранеше, но по корнерот следеше пенал кој го реализираше Трајковски. Хисај играше со рака при ударот на Кире Ристевски. Еуфоричните напади во последните 10 минути, понесени од голот, донесоа уште две шанси, низа полушанси, но мрежата остана нечепната на гостите. Макеоднија со обој бод сега има 7 бода и со тоа ќе се бори со Израел за пласман на четвртото место на табелата.

Advertisement