Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. ...
Read More »Свет
Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина ...
Read More »Марк Карни обезбеди мнозинска влада во Канада по победата на предвремените избори
Foto: Facebook / Mark Carney Канадскиот премиер Марк Карни обезбеди парламентарно мнозинство за својата либерална влада на предвремените избори во Онтарио и Квебек, што ќе му даде 172 места во Долниот дом, кој има вкупно 343 места. Карни рече дека мнозинството во парламентот ќе му помогне поефикасно да се справи со трговската војна со Соединетите Американски Држави, која ја започна ...
Read More »Генералниот секретар на ОН побара од САД и Иран да продолжат со мировни преговори
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика САД и Иран да ги обноват мировните разговори и да вложат сериозни напори за постигнување трајно решение за блискоисточнот конфликт. „По недели уништување и страдање, јасно е дека нема воено решение за актуелниот конфликт“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс, повикувајќи на продолжување на преговорите. Тој нагласи дека актуелното двонеделно примирје ...
Read More »Германскиот јавен долг достигна 2,66 трилиони евра во 2025 година
Јавниот долг на Германија во 2025 година пораснал за шест проценти и достигнал 2,66 трилиони евра, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јави ДПА. Зголемувањето го одразува настојувањето на владата за поголеми инвестиции во инфраструктурата, климатските политики и одбраната. Според Сојузниот завод за статистика, вкупниот долг на федералната, покраинските и локалните власти се зголемил за 151 милијарда евра во однос на ...
Read More »Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија
„Резултатот е јасен. Веќе ѝ честитав на победничката партија“, изјави Орбан, признавајќи дека ваквиот исход е исклучително болен за неговата коалиција Фидес-КДНП. Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на денешните избори. Тој го призна поразот на изборите. Во своето обраќање пред поддржувачите во изборниот штаб на Фидес, Орбан не остави простор за сомнеж ...
Read More »Затворени гласачките места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност
Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата, Тамаш Шуљок, ќе даде изјава за медиумите во зградата на Националната изборна канцеларија. Организаторите најавија дека нема да има прашања. По 19:00 часот ќе започне броењето на гласовите пристигнати по пошта, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната ...
Read More »Иран предупреди дека ќе нападне американски воен брод во Ормуската Теснина
Иранската морнарица предупреди американски воен брод да не плови низ Ормуска Теснина, заканувајќи се со напад доколку продолжи, додека Техеран и Вашингтон започнаа мировни разговори во Пакистан, јавија иранските државни медиуми. Силите на Исламската Република внимателно го следеле американскиот разурнувач, објави агенцијата Тасним, додавајќи дека бродот ќе биде нападнат ако ја продолжи својата рута. Иранската делегација, која попладнето започна преговори ...
Read More »Благодатниот оган се спушти во црквата на Светиот гроб во Ерусалим (ВИДЕО)
Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата и почна да им го дели на народот пламенот, кој, како што се верува, настанал со чудо, по молитва. Овој храм е едно од најважните христијански светилишта и во него, во пресрет на Велигден, се појавува Благодатниот оган. Според традицијата, црквата била изградена токму на местото на распнувањето, погребот и воскресението на Исус ...
Read More »На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста. „Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden