Џудо Клуб Дрим-Струга се врати со 5 медали од БиХ

Од 06 до 08 октомври,Џудо Клуб Дрим-Струга настапи на нај масовниот меѓународен натпревар во Европа,Џудо Борса Опен Мостар,Босна и Херцеговина. На овој натпревар учество зедоа 32 земји, повеќе од 100 клубови и 1375 натпреварувачи, што го прави овој натпревар меѓу најквалитетните во Европа.

Џудо Клуб Дрим-Струга, се претстави со 7 натпреварувачи и освои 5 медали, 2 сребрени и 3 бронзени,што е огромен успех и самото тоа зборува за квалитетот на нашите џудисти, – вели трењерот на Џудо Клуб Дрим-Струга, Ѓорѓија Стојанов.

Со медали се закитија:

Христија Глигороски-сребро
Доријан Петкоски-сребро
Анамарија Стојмиловска-бронза
Марио Нелоски-бронза
Герасим Кумбароски-бронза
Берин Сабоски и Михаил Касиноски не успеаа да се искачат на пиедесталот!

Advertisement