Две години затвор за лидерот на кримските Татари

Судот на Крим го осуди влијателниот лидер на кримските Татари, Илми Умеров, на две години затвор поради повикот за сепаратизам. Русија по присоединувањето на Крим во 2014 година усвои закон со кој се забранува оспорување на тој чин. Илми Умеров е поранешен заменик-претседател на Меџлисот, репрезентативно тело на кримските Татари, кое кримскиот Врховен суд го забрани во април прогласувајќи го за екстремистичка организација, пренесе АП. Неговите адвокати тврдат дека Умеров (60) има дијабетес и Паркинсонова болест.

Advertisement