Гаспром ја почна изградбата на „Турски поток“

„Газпром“ вчера од руското крајбрежје на Црно Море ја почна изградбата на морскиот дел од гасоводот „Турски тек“, соопшти компанијата. Пред неколку дена ова на средбата со рускиот претседател Владимир Путин го најаваи шефот на „Газпром“, Алексеј Милер. Русија во декември 2014 година го обзнани проектот „Турски тек“ како замена за „Јужен тек“. Во еден период преговорите беа прекинати заради кризата во билатералните руско-турски односи. По средбата во Санкт Петербург меѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во август минатата година повторно дојде до обновување на подготвителните работи на гасоводот.

Плановите се „Газпром“ да изгради две цевки со капацитет од 15,7 милијарди кубни метри секоја. Едната од нив има сигурен пазар – турските корисници. Засега не е јасна судбината на втората цевка – таа треба да испорача гас за Европа преку територијата на Грција, Македонија. Во ЕУ сеуште не се разгледале слични планови на „Газпром“. Цевките тргнуваат од компресорската станица „Русская“ крај Анап и по дното на Црното Море излегуваат на турскиот брег. Должината на морскиот дел на гасоводот е 900 километри.

 

Advertisement