Германија дава поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел во текот на посетата на Тирана ја потврди поддршката на Германија за европската перспектива на Албанија и целиот Западен Балкан. Габриел по состанокот со албанскиот колега Дитмир Бушати изјави дека Албанија е многу важна за регионот и ја повтори поддршката на неговата земја за Западен Балкан на патот кон ЕУ.

Германскиот шеф на дипломатијата изрази загриженост поради кризата во парламентот во Албанија, кој пратениците на албанската опозиција го бојкотираат веќе два месеци со барање да се формира техничка влада. „Бојкот на парламентот не е прифатлив начин за изразување на волјата. Треба да се пронајде начин и да се напушти патот на бојкотот. Саботирањето на владеењето на правото не е во интерес на Германија и на Европската унија”, порача Габриел и предупреди дека, доколку се продолжи со бојкотирањето на парламентот, европскиот пат на Албанија ќе биде подолг.

Advertisement