Хрватската европратеничка Петир: Македонија и припаѓа на ЕУ и тоа под своето уставно име

Резултатот на реферндумот во Македонија покажа дека граѓаните сметаат дека националниот идентитет нема цена и дека не се подготвени да тргуваат со името на државата. Македонија и припаѓа на ЕУ и тоа под своето уставно име! Ова е првичната реакција на хрватската европратеничка Маријана Петир по објавување на резултатите од референдумот во Македонија согласно кои граѓаните на го прифатија преименувањето на државата. Нејзината поддршка за Македонија продолжува и со тоа покажува дека не сите во Европа сметаат дека единствено решение за Македонија е да го смени своето име и идентитетот на Македонците.