Илија Антески – Смок (Тетово, 25 јули 1919 – Тирана, 17 мај 1943) Првоборецот и револуционер

Илија Антески – Смок бил роден во Тетово на  25 јули 1919 година, основно образовнаие заврши во родниот крај во 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Во септември 1941 година, станал член на СКОЈ, а потоа, и член на КПЈ и на Месниот комитет во Тетово. Од јуни 1942 година се принуде да живее илегално, а на почетокот на септември 1942 година заминува во партизани. Станува инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација и политички комесар на Мавровскиот партизански одред. На 27 април 1943 година бил заробен во Ново Село од балистите, со уште девет други партизани. Прво бил затворен во Гостивар, а потоа бил спроведен во Тирана.

По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор, ноќта на 16 и 17 мај 1943 година. “Пред очите на преку 400 затвореници Илија со дигнати тупаници на двете раце самиот се качи на сандакот под бесилката, со своите раце ја зеде јамката и самиот си ја стави на вратот. И тогаш кога јамката му беше околу гушата, кога морници лазат по телото, Илија со силен и пробивен глас викнува: Другари, смрт на фашизмот – да живее револуцијата! .

Заедно со него, биле убиени уште шест македонски комунисти, заробени заедно со Илија Антески – Смок, Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. Истиот ден, Околискиот комитет на Комунистичката партија на Албанија за Тирана организирал масовни демонстрации на кои излегле илјадници жители на Тирана. Подробности за овие демонстрации наведува Илија Топалоски во својата статија „Нашата бригада и братството со албанскиот народ“.

 

Advertisement