Комисијата за надворешни работи и евроатлански интеграции на ВМРО – ДПМНЕ изразува жалење за големите пожари во Австралија

Комисијата за надворешни работи и евроатлански интеграции на ВМРО – ДПМНЕ изразува длабоко жалење за големите пожари кои веќе втор месец беснеат во Австралија и навестуваат катастрофални последици.

Комисијата за надворешни работи и евроатлански интеграции на ВМРО – ДПМНЕ им изразува огромна поддршка на австралиските надлежни власти истрајност во борбата со овие девастирачки пожари, а на граѓаните на Австралија им порачува дека мислите на Македонците се со нив во овие тешки моменти. Воедно, го повикуваме Министерот за надворешни работи на Република Македонија да понуди конкретна помош на австралискиот премиер Скот Морисон и да ја информира македонската јавност за состојбата во Австралија.

Со оглед на тоа што предвидувањата се дека огнената стихија во Австралија ќе потрае претстојниот период, го повикуваме Министерот Димитров да ја информира македонската јавност за состојбата во која се наоѓаат многубројните македонски семејства кои живеат во Австралија и по потреба да формира кризен штаб во МНР со цел подетално и поинтезивно мониторирање на состојбата со Македонците кои живеат во Австралија.-стои во соопштението на Комисијата за надворешни работи и евроатлански интеграции на ВМРО – ДПМНЕ.