Лавров се сретна со Ким Џонг Ун во Пјонгјанг (ВИДЕО)

 

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун го прими шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во својата резиденција во Пјонгјанг. Се очекува тие да разговараат за проблемите на Корејскиот Полуостров. Лавров е првиот претставник на Русија кој се сретнува со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесуваат руските медиуми.

„Дури и ако одделни Руси од администрацијата се виделе со Ким Џонг Ун, Лавров е првиот државник кој официјално се сретнува со Ким“, изјави еден од членовите на руската делегација. Лавров и Ким ветија дека ќе направат сѐ што можат за да продолжат мировните преговори за „одврзување“ на корејскиот јазол. Следната средба би можела да биде во Москва, а Лавров го покани Ким Џонг Ун да ја посети Русија.

Би биле среќни доколку дојдете да нѐ посетите“, кажа Лавров, а Ким за возврат испрати поздрав до рускиот претседател Владимир Путин. За време на својата посета Лавров се сретна и со својот севернокорејски колега Ри Јонг Хо. Шефот на руската дипломатија предупреди дека конечната цела за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров не може да се постигне сѐ додека санкциите против Пјонгјанг се на сила.