Македонија II место на натпревар по класична гитара во Косово

Бојан Дејаноски од Кичево со своите 11 години освои втора награда на меѓународниот натпревар по класична гитара – „Ехат Муса“. Неодамна се одржа третото издание на Меѓународниот Натпревар по Класична Гитара “Ехат Муса” во периодот од 29 јуни до 2 јули во Пеќ Косово. На самиот натпревар имаше неколку категории каде што се натпреваруваа таленти од Косово, Македонија, Турција, Албанија, Италија, Шпанија, Србија, Хрватска и Кипар и ги покажаа нивните способности, талент и техники на гитара.

Во категорија 1 натпреварувачите имаа 11 години или помалку од тоа. Меѓународното жири се состоеше од Стефан Шмит (Германија), Моника Крајнц Штих (Словенија) Дарко Багески (Македонија) и Дрилон Цоцај (Косово).

Се одржаа и Мастеркласови кои всушност се персонализирани часови на кои што се работи одреден период само со еден натпреварувач и се дава акцент на неговата  техника, талент и се забележуваат неговите грешки и каде повеќе да работи. Тие ги држеа познати професори по класична гитара меѓу кои: Judicael Peroy, Stefan Scmidt, Ehat Musa, Petrit Ceku, Thomas Offermann, Marko Feri, Antonio Fruscela. На овој натпревар токму во категоријата на најмладите беше и нашиот млад и талентиран Кичевчанец, Бојан Дејаноски кој има само 11 години.

Тој во класата на професорот Јетмир сочинета од три ученици кои што се натпреваруваа и остварија пласман со докажан квалитет. Берат Шаини од Тетово кој се натпреваруваше во повозрасните, односно категорија 2 и освои трета награда, а во најмладата категорија 1 се натпреваруваа Алтин Јусуфи од Кичево кој што освои трета награда и Бојан Дејаноски од Кичево кој што ја зема втората награда.