Македонците во Босна и Херцеговина ќе патуваат со лична карта

Спогодбата за услови на патување меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина од денеска стапува во сила, со што на граѓаните им се овозможува влез во двете држави и со лична карта, информира Министерството за надворешни работи. Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји. Со претходните ратификуавни договори, македонските граѓани само со лична карта може да патуваат и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.