Меѓу Македонија и Босна и Херцеговина ќе може да се патува и само со лична карта

Владина делегација од Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ денеска е во официјална посета на Македонија. За време на посетата, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Игор Црнадак ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји. Со потпишувањето на Спогодбата, на граѓаните Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.

Advertisement