Мицкоски: Не прифаќаме промена на Уставот со цел промена на уставното име

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е познат и прецизen, нема да отстапиме од своите приницпи и уверувања. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Доколу Заев се обидува шверцерски капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура, мора да знае дека референдум мора да има и тој треба да биде задолжителен, а не консултативен, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција по обелоденувањето на договорот со Грција. ВМРО-ДПМНЕ не беше вклучено во преговорите и не е јасно зошто. Заев го монополизираше процесот. Единствено што се случи е што имав телефонски разговор со него. Ова е прифаќање на Грција ова е т.н договор. Ако овој договор е прифаќање на промена на Уставот, ова е договор за капитуалција. Лош исход е поради неспособност и невешта дипломатија. Заев покажа нестабилност и недостоинственост. Беше протов промена на устав, па сега не убедува дека тоа го потврдува идентитетот. Излажа и денес. Ова е на штета на Република Македонија, рече Мицкоски. На новинарско прашање тој одговори дека ќе гласа против на референдумот. „Ајде да одиме на избори од утре да ги направиме условите кои ги имаше СДСМ во 2016 година и да спроведеме предвремени избори со претседателските“, повика тој.