Најголемиот православен манастир во Русија и Европа (ВИДЕО)

Кирило-Белозерскиот манастир е подигнат на крајот на 14-от век. Тој е најголем манастир во Русија, туку и нај голем во цела Европа. Вкупната површина на комплексот, со повеќе од 2 километри долги манастирски sидови, изнесува преку 12 хектари. На територијата на манастирот вкупно има 11 храмови и цркви.

Овој манастир одигра значајна политичка улога во руската историја. Царот Иван Грозни често го посетувал манастирот, а имал желба овде да ги помине и своите последни денови. Неговите деца и идни владители исто така поминувале време во овој манастир. Поради тоа оваа руска светиња претставува неодвоив дел на руската историја.

Црковната служба во Кирило-Белозерскиот манастир е прекината во 1924 година, кога манастирот се претвора во музеј. Главната задача на музејот е заштита на манастирските згради и културното наследство. 

 

Advertisement