Новогодишно обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Вобичаените протоколи на новогодишните обраќања налагаат да се даде еден осврт на годината што изминува. Јас сум убеден дека секој од вас ги чуствува предизвиците, тешкотиите и негативните последици од лошиот стандард, политичките турбуленции, затегнатоста на односите. Затоа јас ќе се задржам на денешната реалност и чекорите во иднина. Граѓаните имаат изневерени очекувања. Клучните владини ветувања за подобар живот не се исполнуваат. Имаме општествен, економски и политички застој.

Економската слобода е загрозена. Таа е темелот на сите човекови слободи и детерминанта за развој на општеството. Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани. Недостатокот на економската слобода се решава единствено со концепт базиран на реални и конкретни чекори. Потребни се силни вложувања во капиталните инвестиции и раст од најмалку 4 отсто за да постигнеме реално и квалитетлно зголемување на стандардот.

Потребни се суштински мерки во бизнисот и поддршка од државата. Невработеност под 10 осто. Неопходна е силна фокусираност на инвестициите кои ќе отворат нови работни места. Но каква е реалноста? Пензиите и платите не се зголемуваат, а просечната плата од 500 евра ја нема. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 отсто.

 

 

Advertisement