Опозиција најави радикализација на протестите во Тирана

Oпозиција, која протестира без прекин од 18 февруари во Тирана од следната недела најави радикализација на протестите, почнувајќи со блокирање на сите патни правци во земјата. Во понеделник, ден пред доаѓањето во Тирана на германскиот преговарач за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, опозицијата најмалку еден час ќе ги блокира патиштата.

Ќе се обединиме меѓу 11 и 12 часот за целосна блокада на националниот сообраќај низ цела Република Албанија, најави лидерот на најголемата опозициска партија Демократска партија. Лулзим Баша верува дека оваа форма на протест, користена и претходно од неговата партија, ќе ја засили пораката на одлучност на опозицијата дека не се откажува од барањето за техничка влада. Единственото решение е техника влада со народен мандат да се бори против дрогата, да го гарантира гласот на Албанците и да ги истера крминалците од извршната власт.

Тој додава дека она што го почнуваат в понеделник ќе биде само „прво предупредување дека нема враќање од патот за целосна победа на граѓанската кауза“. Паралелно со протестите в понеделник, за кои не ја отфрла можноста да продолжат, обеднетата опозиција се подготвува и за масовен протест на 7 мај во Каваја, кога ќе се гласа за избор на градоначалник, со цел, според Баша, да се спречат избори „организирани од соживотот на Владата со криминалот“.