Почина познатиот македонски рок-музичар Симеон Иванов – Канго

 

По долга борба со болеста, денеска почина македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик. Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки. Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс. На сликата на првиот конгрес на Македонска Алијанса за Европска Интеграција одржана во Тирана Симеон Иванов – Канго беше гостин сочуство до фамилјата од Македонската заедница во Албанија.