Преминот Стрезимир-Рестелица значен за Македонците во Гора 

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско- косовската граница на планината Кораб, преминот кој подолго воопшто не функционира, се пушти трите дена 18-19 и 20 август се минуваше со лична карта или патна исправа, за разлика од порано кога беше потребна посебна дозвола.

Овој премин како привремен официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Друштвата на Македонците од облста Гора по неколку години побараа преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивниот опстанок таму.

Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб на тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Косово, можеа да минуваат само жителите од пограничниот појас од 25 километри, и тоа со посебни дозволи. Во областа Гора на Косово се распослани 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед.