Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во официјална посета на Чешката Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова, престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република. Претседателот Иванов денеска во Прага со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од Претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.

Во рамки на дводневната официјална посета на Чешката Република, претседателот Иванов ќе оствари средби со Претседателот на Владата на Чешката Република, г. Андреј Бабиш, со претседателот на сенатот, г. Милан Штех и со претседателот на Пратеничкиот Дом, г. Радек Вондрачек. Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Advertisement